Објавувал компромитирачки материјали на инстаграм за 22-годишна девојка

by Фокус

Дваесет и две годишната Ј.А. од тетовското село Боговиње пријавила злоупотреба на лични податоци од страна на непознат сторител.

Според Министерството за внатрешни работи, пријавениот во изминатите три месеци на социјалната мрежа „Инстаграм“ објавувал податоци, информации и видео материјали за пријавувачот, нарушувајќи го нејзиниот углед и чест.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Поврзани новости