Шестминутна снимка од разговор прикачена на мрежата „Јутуб“ со најава за ликвидација на премиерот Зоран Заев и неговата фамилија објави „А1он“. Според мејлот кој го добиле од а1он и насловот на разговорот, се тврди дека на снимката наводно разговараат двајца од осудените за „27 април“.
Не е разбирлив целиот разговор поради слабиот тон, но во дел од него зборуваат: „Заев ќе биде изрешетан ко куче“, „ќе му вратам последно да е“, „јас сум спремен да лежам доживотно“ „ако треба ќе умрам“.
„…Не си свесен ти.. тие лајк што му ставаат ќе ги.. а не па оние што раководат.. јас зборот си го држам… јас не ги… ко тебе.. брат, нема брат.. ко ќе р’чнеш р’чнато е.. ако треба ќе умрам… последно да ми е, јас ти кажувам дека Заев ќе биде изрешетан ко куче… Струмица.. со глава ти гарантирам.. три деца имам нема да си ги видам никад…памти ми го зборот… да го боли срцето…“, се зборува во дел од снимката, по што се слуша пеење и продолжува: „…ќе му вратам па последно да ми е.. прстот само да ми мрда доста е… не го оставам, не ги оставам…куртони… си земавте… нема да го спаси.. ќе го јадете заедно сосе него… јас ќе лежам к*р ме боли… јас сум спремен да лежам, доживотно можам да лежам.. убаво ми е во затвор да ти кажам, супер си се чувствувам… жими деца… уживам во затвор… апсолутно…само нека има за јадење… ако го фатам, ако не го фате… пуши ку*ац… жени деца, брат, сестра, се живо, масакар, масакар.. кур не ми чуе.. крв им ебам нивна смрдлива“, се слуша во снимката, во деловите кои се разбирливи.