Објавена нова „бомба“: Камчев му помагал на Мицкоски, а тој се борел да ја стопира „Империја“?

by Frosina Fakova

Нова аудио снимка под наслов „Рекет 2“ е објавена утрово на Јутјуб, илустрирана со фотографии од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и бизнисменнот, Орце Камчев и чанта „луј витон“.

На снимката се слушаат гласови кои наликуваат на лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски, осудениот за „Рекет“, Зоран Милески – Кичеец и едно женско лице.

Во разговорот Мицкоски никаде не го споменува името на Камчев, ниту предметот „Империја“ во којшто е осомничен, но вели:

-Овој закон за јавно обвинителство, ако помине вака како што мислат да помине, тој предмет не е завршен. Напротив, да знаете. Единствен којшто се бори во моментов сум јас, вели Мицкоски.

Во разговорот тој вели дека добил помош кога му требало и кога му било најтешко.

-Не успеавме да се видиме со него…со избориве почнавме. Па ја откажав, па он нешто погреби-могреби таму не знам имаше, па пак јас откажав и така се некако и не можеме да се видиме, вака, објективно да ти кажам. А, лично сакам да го видам, зашто ми помогнал. Кога ти велам ми помогнал, тоа што беше долгот кај сестра му од претходнициве мои, знаеш ти беше присутен на тој разговор кога рече. Не треба ништо. Сега мене, јас пред година и пол кога влегов во партијата немав струја, исклучена кабелска. Парно пред исклучување, немав вода. И такви како него беа неколкумина што ми подадоа рака. Мене тоа многу ми значи, вели Мицкоски во дел од „снимката“.

Поврзани новости