Објавена меѓународна потерница по Мемети Беким, кој избега од КПУ Идризово

by Fokus

Министерството за внатрешни работи објави меѓународна потерница за Мемети Беким, кој синоќа додека бил пренесуван во болница пукал во затворски полицаец и побегнал.

–  Мемети Беким род.30.01.1986 год. во Тетово, каде и живее на ул.„115“ бр.8, кој се бара за бегство од КПУ Идризово за сторено кривично дело по чл. 123, чл.396 и чл.215 од КЗ на РСМ, стои во објавата на МВР.

Осуденото лице Б.М од Тетово бил осуден на вкупна казна од 21 година затвор, од кои 19 за убиство и две за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори. Казната ја издржува од 28.12.2020 година, а истекува на 17.04.2040 година

Управата за извршување на санкции, денеска информираше дека синоќа околу 23:20 часот при спровод на осуденото лице Б.М (36) од КПУ Идризово во Ургентниот центар „Мајка Тереза“ поради повреда на десната рака, на автопатот кон Скопје кај бензиската пумпа на Лукоил, службено возило било пресретнато од возило марка „ауди” со сива боја без регистерски таблички кое им го блокирало патот.

– Осуденото лице во тој момент му го одзел службениот пиштол од футрола на  затворскиот полицаец И.Х кој го возел комбето, пукал во него и го повредил во долниот дел на стомакот. Поради повредата, возачот го запрел возилото, а осуденото лице  се дало во бегство со патничкото возило „ауди”. Вработените во затворската полиција го пријавиле случајот во СВР Скопје, појаснуваат од УИС.

Повредениот затворски полицаец е префрлен во болница на натамошно лекување, а со учесниците на настанот извршени се разговори од страна на надлежните на МВР

Поврзани новости