Македонскиот институт за медиуми (MИM), по 19-ти пат го објавува конкурсот за престижната новинарска награда „Никола Младенов“ за најдобра истражувачка сторија на годината.
Конкурсот е отворен за сите професионални новинари и редакции кои објавиле свои истражувачки стории во медиумите во Македонија во текот на 2019 година. Новинарите, редакциите и медиумските здруженија, исто така, имаат можност да пријават и истражувачки стории кои биле објавени во други медиуми од нивни колеги-новинари, со нивна согласност.
Не постојат ограничувања во однос на бројот на сториите кои еден новинар, редакција или медиумско здружение можат да ги пријават на конкурсот кој што е објавен и на албански јазик.
Конкурсот е отворен до 2 март 2020 година, а апликациите може да се испраќаат исклучиво по електронска пошта на: mim@mim.org.mk. За пријавување на конкурсот потребно е да се пополни краток формулар за аплицирање (линк) и да се испрати на наведената е-пошта. За секоја апликација, МИМ задолжително ќе испрати потврда за прием. Доколку некој од апликантите не добие потврда за прием на апликацијата, задолжително треба да се обрати во МИМ пред крајниот рок за аплицирање на конкурсот.