Водата за пиење во Кавадрци е заматена и пред употреба треба да се преврива, информираат од јавното претрпијатие „Комуналец“ од Кавадарци. Причината за заматувањето на водата за пиење се обилните дождови на изворите Лукар.
„Состојбата со водата за пиење постојано се следи и кога ќе дојде до нејзина нормализација ќе ја известиме јавноста“, велат од комуналното претпријатие.
Од кабинетот на градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, пак, посочуваат дека два дена Тиквешијата е зафатена од обилни врнежи, а најголема количина е регистрирана на мерните станици во селото Раец каде се измерени 145 литри на метар квадратен.
„Оваа количина на вода предизвика излевање на Раечка река и поплавување на голем дел од земјоделските површини во атарот на Раец и селото Дреново. Се апелира до населението да не се движи во близина на речното корито во тој предел, бидејќи водостојот на реката е се уште голем и водата од земјоделските површини не е повлечена“, велат од општината.