Обилни врнежи од дожд во Прилеп, одрон кај Љубаништа

by Fokus

Обилни врнежи од дожд попладнево го зафатија Прилеп. Водостојот на реките е зголемен и засега на некои места има излевање на реката од речното корито во Прилеп, соопшти Центарот за управување со кризи.

Од страна на раководителот на РЦУК- Прилеп побарано е од Територијалната противпожарна единица Прилеп и ЈП „Водовод“ да има дополнителна дежурна екипа доколку има потреба од дополнителни сили.

Поголемиот дел улици низ градот се поплавени и тешко проодни за сообраќај.

На социјалните мрежи се шират податоци дека се поплавени куќи и други објекти и локали.

Во Охридско поради одрон на коловозот по невремето во целосен прекин е патниот правец Охрид – Свети Наум кај селото Љубаништа.

АМСМ соопшти дека од 19:15 часот на регионалниот пат Охрид-Свети Наум, кај селото Љубаништа, поради одрон на патот, сообраќајот е во целосен прекин.

 

Поврзани новости