Обиколницата од утре ќе биде затворена за сообраќај, ќе се снима филм

by Фокус

Авто мото сојузот информира дека од денеска поради започнување на снимање филм сообраќајот на обиколницата нема да се одвива.

„Согласно Одобрението од Министерство за транспорт и врски  и известувањето од Мануфактура продукција известуваме дека за потребите за снимање на филм се воведува времена измена на режим на сообраќај на Делница 3 Автопат 2, кл.„Хиподром“-кл.„Сарај“ (Скопска обиколница) за период од 07 септември до 11 септември, потоа од 14 до 18 септември, од 21 до 25 и на 28 септември, од 7 до 19 часот, стои во соопштението

АМСМ препорачува и внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.

 

Поврзани новости