Штабот на СДСМ во Кисела Вода вчера вечерта бил насилно обиен при што биле украдени 3 лаптоп комјутери, 2 деск компјутери и еден прожектор. Дополнително оштетени се уште 2 комјутери од кои што се извадени хард дискови и други делови. СДСМ го осуди овој чин и бара МВР да преземе соодветни мерки.
-Насилниот, криминален чин е пријавен во МВР а за него ќе бидат известени и меѓународните претставници во земјава и мисијата на ОБСЕ/ОДИХР. СДСМ најостро го осудува овој инцидент и бараме МВР да преземе итни и ефективни мерки за откривање на сторителите за нивно соочување со правдата.Очигледно е дека враќањето на правдата, слободата и демократијата во Македонија ги прави нервозни криминалните структури во земјава. Едно треба да им биде јасно на сите: правда ќе има, секој што го прекршил законот ќе одговара, се вели во реакцијата на СДСМ.