Осомничените во „ТНТ“ денеска на распит

by Фокус

Осомничените во случајот „ТНТ“ кој го отвори Специјалното јавно обвинителство поради рушењето на станбено-деловниот објект „Космос” на Фиат Цаноски, денеска ќе бидат на распит пред судија на претходна постапка во Основниот суд Скопје 1.

Минатиот распит беше закажан на 17 мај, но по барање на адвокатите на осомничените, тој беше одложен за денеска. Одбраната бараше повеќе време за да ги разгледа доказите.

Според СЈО, поранешниот премиер Никола Груевски и бившиот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески го поттикнале градоначалникот на Гази Баба, Тони Трајковски да го сруши комплексот „Космос”, сопственост на Фиат Цаноски, поради неговите различни политички ставови. Но бидејќи Иванов ги аболираше оние кои треба да бидат првоосмничени, сега првоосомничена е градежната инспекторка на општина Гази Баба која ја почнала постапката за уривање. Осомничени се и тројца членови на Комисијата за спроведување на јавни набавки.