435
Обезбедувањето на Никола Груевски не дозволило судскиот доставувач да му ја предаде поканата за денешната јавна седница во Апелација во која треба да се одлучува дали бомите ќе бидат доказ во случајот „Титаник“, случај кој СЈО го отвори за изборните нерегуларности.
Како што кажа судијката Лилјана Иванова Шопова, Груевски повеќе пати бил баран во неговиот дом, но обезбедувањето не го пуштало да ја врачи поканата, а ниту тие не сакале да ја земат.
За разлика од Груевски во судот се појавија поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, и екс-министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.