Обезбедување на болница пријавило дека кај нив бил донесен повреден градежен работник

by Fokus

Обезбедувањето на Болницата за хируршки болести пријавило дека вчера кај нив бил донесен повреден градежен работник, информираа од МВР.

Според полицијата, вчера во 13,45 часот од страна на обезбедувањето во Градска општа болница „Св. Наум Охридски“, пријавено е дека кај нив бил донесен повреден Ќ.Н.(50) од село Арачиново, кој додека изведувал градежни работи во куќа во село Арачиново, паднал од висина од околу 2,5 метри.

Истиот со приватно возило е пренесен во Градска општа болница „Св. Наум Охридски“.

Поврзани новости