Обезбедување на МРТВ не му дозволило на Стојанче Ангелов да гостува во Канал 103

by Фокус

По вчерашниот упад на обезбедувањето на МРТВ во емисија на Канал 103, со барање да го легитимира водителот, Стојанче Ангелов појасни дека тој бил „виновникот“ за ваквото скандалозно однесување на обезбедувањето. Односно, претходно водителот го повикал Ангелов да му биде гостин во емисија, по што реагирало обезбедувањето.

„Додека бев во објектот на МРТВ се сретнав со двајца водители од култниот “Канал103“ или “парчето светлина во мрачните лавиринти на македонската радио-телевизија. Водителите ми предложија да отидеме во студио и да гостувам во нивната емисија. Прифатив без да му ја мислам и тргнав по нив. Тогаш ни пријде човек од обезбедувањето и ни објасни дека јас не смеам да влезам внатре. Ми падна жал за човекот. Возрасен маж, со мустаќи, пред пензија. Не сакам да му ги загорчувам последните работни денови. Тој најмалку е виновен што му дале таква наредба. Има време, ќе гостувам друг пат“, вели Ангелов.

Згрозен од цензурата, Ангелов ги повикува сите граѓани денеска во 12.00 часот да дојдат пред МРТВ.

„Дојдете за заедно да ја ослободиме од стегите на режимот! За доброто на сите македонски граѓани!

П.С. Во недела протестен марш! Старт во 12.00 часот пред споменикот на бранителите! Цел: МРТВ! Дојдете да маршираме заедно!“, вели Ангелов.

Поврзани новости