Обезбедивме вкупно 90 респиратори, што е околу 50 отсто од вкупниот број респиратори со кои располага државата во моментов. Од нив 20 респиратори од норвешката Aмбасада, кои претходно беа земени во Турција, се повторно набавени и ќе пристигнат во земјава на 15 мај. Дополнителните 50 респиратори ќе пристигнат до крајот на овој месец, како и 20-те респиратори на ЕУ.
Ова на прес-конференција го изјави вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи на прес-конференција за распределбата на странска помош поврзана со справувањето со Ковид-19 пандемијата.
– Мислам дека тоа е доволен број за каков било иден предизвик и за втор пик или пак за наредниот период. Врз основа на овие податоци Министерството за здравство констатираше дека нема потреба дополнително да набави, затоа што овие обезбедени респиратори ги задоволуваат потребите на здравствениот систем во државата да се справи со овој тек на пандемијата, изјави Османи.
Рече дека од досега веќе споменатите четири милиони евра од ЕУ кои беа доделени за набавка на медицински материјали, вчера пристигнале десетици илјади N95 маски и стотици илјади хируршки маски кои, како што биле распределени на здравствените установи.