Од земјите членки на Европската Унијата досега се обезбедени околу два милиона евра како првична помош која е наменета за Црвениот крст за справување со последиците од поплавата во Скопско, соопшти делегацијата на ЕУ во Македонија.
Чешка, Бугарија, Грција, Австрија, Холандија и Словенија се земјите кои досега испратиле пакети помош за настраданите во катастрофалното невреме.
Експертите од ЕУ велат дека на терен се потребни луѓе за расчистување на поплавените подрачја, зашто во оваа фаза тоа не може да се направи со механизација, а расчистувањето ќе трае уште најмалку три до четири недели.
Од делегацијата на ЕУ во Скопје велат дека е неопходно да се направат структурни промени за справување со поплавите и оти новата проценка ќе биде направена во координација со Светската банка и Обединетите нации.