Од Обединети за Македонија се приклучуваат на протестот против затворската казна за новинарот Томислав Кежаровски и ги повикуваат сите граѓани утре во 12 часот да излезат на протест пред скопска Апелација.
– Од тие причини ние недвосмислено го осудуваме политичкиот прогон на Томислав Кежаровски и ги повикуваме сите граѓани да се придружат на протестот пред Апелационион суд Скопје, во 12:00 во вторник, 20-ти јануари. Режимските измеќари кои учествуваат во политичките прогони на неистомислениците на власта ни се добро познати и сакаме да им порачаме дека ќе дојде денот кога ќе одговараат за своите злодела. Тие нема да бидат заборавени! Борбата продолжува! – се наведува во соопштението од ОМ.
Од таму велат, дека се свесни дека во Македонија нема независно судство бидејќи судската власт е само продолжена рака на извршената власт и дека Македонија е една од ретките земји во Европа во која има политички затвореници. Според нив, Еден од нив е и нивниот претседател, Љубе Бошкоски, кој веќе четврта година, без никаква вина е затворен.