Партијата Обединети за Македонија (ОМ) ќе поднесе кривична пријава против директорот на затворот „Идризово“, Живко Пејковски, aко Љубе Бошкоски за три дена не биде пуштен од затвор.
Раде Милошоски, генералниот секретар на Обединети за Македонија рече дека трпението на нивното членство и поддржувачи е при крај.
– Доколку најдоцна за три дена не биде ослободен Љубе Бошкоски, ќе поднесеме кривична пријава на директорот на затворот, Живко Пејковски, за продолжена тортура политички мотивирана. Протестите ќе ги радикализираме, за начинот ќе бидат известени сите релевантни фактори, меѓународната заедница и домашната јавност – рече Милошоски.
Генералот Стојанче Ангелов на прес конференцијата пак порача:
– Директорот е тој кој што формално треба да пресече, ние знаеме дека зад сите одлуки во оваа држава стојат други луѓе, но во овој момент тој директор треба да покаже човечка доблест – рече.