ВМРО ДПМНЕ ја скенира работата на Спасовски

by Фокус

ВМРО-ДПМНЕ со внимание ја следи работата на техничкиот министер Оливер Спасовски, неговите партиски соработници во неговиот, како и од него поставените началници во секторите за внатрешни работи (СВР) во внатрешноста, заедно со нивните подредени, соопшти денеска ВМРО – ДПМНЕ.

– Ревизијата на нивните партиски хајки и незаконско работење кои ги спроведува СДСМ преку МВР ќе бидат темелно евидентирани и ќе имаат соодветна разврска, со лична и конкретна одговорност на сите вклучени, стои во соопштението.

Деталната ревизија на незаконското работење на послушниците на СДСМ, се подвлекува во соопштението од ВМРО – ДПМНЕ, ќе биде спроведена во централата на МВР, во секоја полициска станица, во секој град, во секое СВР, во секое одделение на МВР, во секој сектор на МВР, во секоја дирекција и управа на МВР.

– Им укажуваме на сите нивни подредени да не постапуваат незаконски и да не ги следат партиските наредби од штабовите на СДСМ. Нека размислат за нивните лични постапки и за нивната лична вклученост во партиските хајки на СДСМ преку МВР на Оливер Спасовски, се вели во соопштението од ВМРО – ДПМНЕ.

Јасна е наредбата од СДСМ до МВР на Оливер Спасовски, стои во соопштението, за хипер-продукција на кривични пријави и прогон за членовите ВМРО-ДПМНЕ, без разлика основаноста, фактите и доказите.

– Наредбата од СДСМ до МВР на Оливер Спасовски е по секоја цена да се поднесуваат кривични пријави против државните и локалните членови ВМРО-ДПМНЕ, без оглед на тоа што се работи за монтирани случаи, соопшти денеска ВМРО – ДПМНЕ.

Поврзани новости