354
Заменик државниот секретар на САД, Викторија Нуланд, е во посета на бегалскиот камп Идомени на македонско-грчката граница. По посетата на Идомени, Нуланд ќе замине во прифатниот центар во близина на Солун, каде што во моментов има околу 2.000 бегалци.
Во официјалното соопштение од американскиот Стејт департмент за посетата на Нуланд се наведува дека таа ќе се сретне со високи владини претставници за да разговара за билатерални и за прашања од регионален интерес, како миграциското прашање и бегалската криза.