СДСМ: За еден ден граѓаните пријавиле 750 фантомски гласачи на домашни адреси

by Фокус 12:39
12:39

Граѓаните пријавуваат бројни неправилности во Избирачкиот список на телефонската линија што ја отвори СДСМ, велат од партијата, наведувајќи дека само вчера биле пријавени 750 фантомски гласачи на домашни адреси на граѓаните, 47 непостоечки станови, 14 непостоечки влезови, 112 иселени граѓани, 7 гласачи запишани на адреси на државни институции и деловни простории.

– Хаосот оди дотаму, што и на адресите на државните институции и училиштата се запишани лица со право на глас. На пример, на адресата на Сектор за урбанизам и просторно планирање во Гази Баба запишани се вкупно 9 лица со право на глас, додека со адреса на Државниот пазарен инспекторат, запишано е едно лице со право на глас. На друга адреса во Скопје, во Министерството за економија запишано е исто така едно лице. На адресата на едно основно училиште во Скопје се запишани дури 13 лица – информираат од најголемата опозициска партија,

 

- Advertising -

Поврзани новости