Помошникот државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања во Стејт департментот, Викторија Нуланд утре ќе ја посети Македонија, соопшти Американската амбасада во Скопје.
Таа ќе се сретне со претставници на Владата, функционери на политички партии и претставници на граѓанското општество, при што ќе разговараат за билатерални и регионални прашања, вклучувајќи ја и потребата за решавање на тековната политичка криза, поддршката за работата на Канцеларијата на специјалниот јавен обвинител, како и создавањето на услови за кредибилни избори.
Посетата доаѓа неколку дена по престојот на Хајндл на Македонија, чии обиди беа концентрирани на создавањето на услови за фер и избори и Влада која што ќе ги подготви.
Нуланд денеска ќе престојува во Тирана и Приштина. Во Албанија акцент ќе биде ставен на реформите во правосудството, а во Косово ќе се разговара за последните случувања во Косово,посебно прашањето околу демаркацијата на границата со Црна Гора.
Според агендата која ја објавуват албанските медиумите, Нуланд во Тирана ќе се сретне со шефот на албанската дипломатија Дитмир Бушати и со лидерот на најголемата опозициска сила, Демократската партија, Љуљзим Баша, ќе има средба со претставници на граѓанскиот секор, а посета на Албанија ќе ја заврши со заедничка вечера со премиерот Еди Рама.