Американскиот помошник државен секретар Викторија Нуланд во јавен повик до политичките лидери во Македонијапобара крај на политичката криза.
„Лидерите треба да ја искористат можноста која се нуди и да го спроведат договорот за нормализирање на политичката состојба на еврокомесарот Јоханес Хан“ рече Нуланд на форум во Дубровник.
Нуланд,во Македонија доаѓа во понеделник, при што ќе има средби и со Груевски и со Заев.
Македонските лидери, по решавањето на политичката криза, треба да се насочат кон решавање на спорот со Грција за да се отвори македонската евро-атланска перспектива, смета Нуланд,
– Нашата порака до Македонија е еднакво цврста. Пред вас е голема можност за единство и просперитет. Пред вас е членство во НАТО и во Европската Унија. Но, големите политички партии мора да престанат да се расправаат и да појдат по патот на демократски реформи кој Еврокомесарот Јоханес Хан го подготви со поддршка од Соединетите Американски Држави, а потоа да се фокусираат на решавање на спорот за името со Грција. Немојте да ja пропуштите овaa можност, изјави Нуланд во своето обраќање во Дубровник.