546
Нуланд во моментов е на средба со премиерот Никола Груевски во Владата на РМ. Во истовреме поголема група демонстранти со пароли, знамиња и извици, бараат оставка од премиерот Никола Груевски.
Демонстрантите на оградата пред Влада имаат поставено транспаренти на англиски јазик на кои пишува „Нема правда, нема мир, „Нема компромис со криминалот и корупцијата“, „Слобода и демократија“. Нуланд претходно се сретна со Ахмети.
Се очекува засилен притисок за решавање на кризата, но исходот е крајно неизвесен.
Оваа посета на Нуланд доаѓа во рамки на нејзината балканска турнеја, една година откако престојуваше во Македонија.
фото А1он