492
„Разачораноста“ на Советот од Европа од недоволната анти-корупциска имплементација на мерките во Македонија беше објавена во „Њујорк тајсм“.
Под наслов „Европските монитори ја нарекоа Македонија разочарување“, американскиот весник го цитира извештајот на ГРЕКО во кој борбата на Македонија против корупцијата се дефинира како „целосно разочарувачка“ и се повикуваат македонските власти да преземат активности за таа состојба да се промени. Антикорупциското тело на Советот на Европа во извештајот објавен во четвртокот наведува дека нема видлив напредок по препораките дадени уште пред цели четири години за спречување на корупцијата кај пратениците, судиите и обвинителите.