Митревски: На референдумот да кажаме ДА за македонската иднина

by fokus 14:57
14:57

Пред нас е историска, најдобра и фер шанса, која што имаме заедничка одговороност да ја искористиме. Со македонско-грчкиот договор вложуваме во нашата заедничка иднина. Обезбедуваме членство во НАТО и ЕУ со зајакнат и признаен македонски идентитет, еднаш-засекогаш. Нашата татковина станува сојузиник на НАТО и ЕУ нациите кои имаат силен економски развој, изјави во Струга пратеникот на СДСМ, Јован Митревски.

Според него со членството во Европската унија ќе се зголемат значително фондовите кои ЕУ ги вложува во нашата инфраструктура. Ќе има многу повеќе пари и ќе се градат нови патишта, мостови, водоводи, канализации, пречистителни станици, училишта, градинки. Се тоа за подобар живот, за подобро утре на нашите деца.

- Advertisements -

,,Од овде, од градот на поезијата, од градот на Миладиновци, од мултиетничка Струга ве повикувам заедно да ја донесеме одлуката за нашата иднина, за иднината на нашите деца. На референдумот на 30-ти септември да кажеме да за членство во ЕУ и НАТО со зачуван идентитет. ДА за македонската иднина”, порача тој.

Поврзани новости