„Фокус“ открива дека екс директорот на „Водовод“ се заканувал на роднини на генералниот секретар на Град Скопје

Според документите со кои располагаме, екс директорот бил пријавен дека во временскиот период од 15 до 18 и 20, часот, истиот ден  преку мрежата Телеграм испраќал пораки со заканувачка и вознемирувачка содржина.  „Фокус“ располага и со пораките кои му биле упатени на момчето и на неговото семејство, со што тие се почувствувале дека им е загрозен животот и безбедноста.

by Fokus

Поранешниот директор на „Водовод и канализација“ Марјанчо Митовски  на 25 февруари, годинава бил пријавен во полициската станица во Скопски Карпош дека се заканувал на извесен Ѓ.Б. , неофицијално дознава „Фокус“.

Според документите со кои располагаме, екс директорот бил пријавен дека во временскиот период од 15 до 18 и 20, часот, истиот ден  преку мрежата Телеграм испраќал пораки со заканувачка и вознемирувачка содржина.  „Фокус“ располага и со пораките кои му биле упатени на момчето и на неговото семејство, со што тие се почувствувале дека им е загрозен животот и безбедноста.

Како што дознаваме, момчето на кое се заканувал поранешниот директор на „Водовод и канализација“ е внук на генералниот секретар на Град Скопје и десна рака на актуелната градоначалничка Данела Арсовска, Зоран Глигоров.

„Фокус“ се обиде да стапи во контакт и со поранешниот прв човек на „Водовод“, но тој не одговори на нашите прашања, кои му беа испратени и на вибер.

КОЈ Е МИТОВСКИ?

Митовски на директорската позиција на јавното претпријатие Водовод седна на 13 септември, лани кога скопската градоначалничка за тендерот со прочитителната станица, бизнис зделка тешка 136 милиони евра  го разреши дотогашниот директор Златко Перински.

По само два месеци од неговото назначување, синдикалната организација на „Водовод“ бара негово разрешување порад незаконско работење. Од синдикатот тогаш беше презентиран и документ од специјалист дека в.д. директорот има „мешано анксиозно и депресивно растројство“.

Претседателот на ССМ, Дарко Димовски во тој период дури и обелодени дека против Митовски имало судски пресуди и дека имал и лежено во затвор.

-Човечките односи меѓу директорот и работниците се нарушени, а верувам дека деновиве ќе излезат и други недоследности за директорот Марјан Митовски кој има сериозни судски пресуди, дури тој директор има лежено во затвор за напад и нанесување на телесни повреди со нож на друго лице, тврдеше тогаш Димовски.

Митовски експресно демантираше:

„Жалиме што првиот синдикалец, како што сака да се нарече г-дин Дарко Димовски во обид да го покрие сопственото нетрпение кон директорот на ЈП Водовод и канализација Марјанчо Митовски, решил да безочно да лаже.

 

Она што навистина го фрустрира претседателот на ССМ е одземањето на привилегиите кои ги уживала неговата сопруга Лила Димовска која впрочем е вработена во ЈП Водовод и канализација – Скопје. Службено возило, службен телефон, платени отсуства од по шест месеци и уште толку неплатени отсуства и бројни други привилегии преку кои повеќе не можат да ги користи ниту да се богати семејството Димовски“, демантираше тогаш Митовски.

Арсовска, Митовски го разреши од функцијата на средината на јануари, годинава, а на негово место во директорската фотелја седна Драган Илиевски, кој пак претходно раководеше со скопската Зоолошка градина.

Според нашите информации, Митовски по систематизација е технички директор, но во моментот е префрлен на пункт во Сарај.

Ирена Мулачка

 

Поврзани новости