НСДП утре избира нов претседател, Трајковски го спори легитимитетот на Конгресот

Горан Мисовски нема дилеми дека тој ќе биде избран за наследник на Тито Петковски.

by fokus

Утре политичката партија НСДП ќе избира наследник на првиот претседател и нејзин основач, Тито Петковски. Со петтиот Конгрес на партијата ќе претседава Соња Мираковска.

Целиот процес на организирање на Конгресот и пријавување на кандидати за претседател беше проследен со скандали и судри меѓу двајцата најсериозни претенденти за лидерската позиција: Горан Мисовски и Кристијан Трајковски.

Се почна со Одлуката на Одборот за подготовка на петтиот конгрес од која до медиумите беше испратена информација дека единствен кандидат за претседател кој се очекува да биде избран на партискиот конгрес на 4 јуни е Горан Мисовски. За оваа одлука актуелниот претседател на партијата Тито Петковски рече дека е надвор од Статутот и е донесена во негово отсуство, откако тој ја затворил седницата и заминал.

Потоа Централниот одбор на НСДП  сепак го утврди Горан Мисовски за единствен кандидат за претседател на партијата.

Неговиот најсериозен противник, Кристијан Трајковски по оваа одлука најви дека тој ќе поднесе кандидатура на самиот Конгрес, нешто што Статутот го дозволува.

Денеска тој во изјава за Фокус потврди дека ја подготвил кандидатурата и ќе ја поднесе на утрешниот Конгрес кој почнува во 12 часот.

Од Централниот одбор на НСДП

Сепак, Трајковски го спори легитимитетот на Конгресот, бидејќи како што вели, се уште не биле доставени пријавите за делегати од општинските организации, нешто што требало да се достави согласно рокот на правилникот, на петти мај.

Не знам со кој легитимитет тој Конгрес ќе работи и заседава. Јас ја подготвив кандидатурата, ја испечатив во 450 примероци, за сите делегати. Во текот на утрешниот ден ќеја поднесеме, согласно Статутот кој ми дозволува да се самокандидарам, вели Трајковски за „Фокус“.

Актуелниот потретседател на партијата пак, Горан Мисовски вели дека согласно одлуката на Централниот одбор тој секако е единствен кандидат.

Немам дилема дека ќе бидам избран за претседател на НСДП. За се друго одлучуваат делегатите на Конгресот, кусо ни одговори Мисоски во однос на тоа дали очекува Трајковски да се самокандидира.

Основачот и прв претседател на НСДП, Тито Петковски го обвини Мисовски дека на самиот старт со отворањето на постапката за избор на нови раководства, групата од десет членови на чело со Мисовски и Соња Мираковска и сите останати функционери што се на листа на НСДП на државни функции, зазеле став дека на партијата не и требаат повеќе кандидати, што е спротивно на програмата на партијата.

К.С.Б.

 

 

Поврзани новости