428
Одлуката на Парламентарното Собрание на Советот на Европа за
судија во Европскиот суд за човекови права од Македонија да биде избран
Јован Илиевски, баџанак на „првиот полицаец“ е повеќе од скандалозна
ако се знае дека Судот своите темели ги има во Европската конвенција за
човековите права која преставува гаранција за граѓанските и политичките
права, реагираат денеска од НСДП.
-Каков професионален кредибилитет за заштита на човековите права
може да има човек пред чиј очи 10 години власта врши политички
пресметки со неистомислениците, затвора политички противници, затвора
медиуми, новинари, врши сеопшт грабеж, а притоа тој да не препознае,
ниту пак да се осмели да покрене ниту една постапка, нешто за што е
обврзан со Уставот и законските прописи?, прашуваат од НСДП.
НСДП јавно го изнесува својот сомнеж за тоа дали Советот на Европа
со својата одлука во овој чуствителен политички период во кој се наоѓа
Македонија, на индиректен начин не испраќа порака до јавноста за какви
вредности во Македонија се залага и не застанува на страна на политичка
гарнитура која ги погазува темелните демократскики вредности врз основа
на кои е формиран и самиот Суд.