ВМРО-ДПМНЕ го условува распуштањето на Парламентот со донесување на Буџетот

by fokus

Откако СДСМ поднесе иницијатива за распуштање на Парламентот, од ВМРО-ДПМНЕ распуштањето го условија со итно донесување на Буџетот и покрај тоа што за него не е завршена расправата.

-ВМРО-ДПМНЕ предлага Собранието на Република Македонија уште денеска, во 17 часот, да закаже седница на која што прва точка ќе биде донесување на Буџетот за 2017 година, со што ќе се гарантира редовна исплата на плати, пензии, социјална помош и подмирување на другите потреби на граѓаните. Втора точка, која во целост ќе ја поддржи, предлага да биде донесување на одлуката за распуштање на Собранието и за неа да се расправа во 19 часот, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од ДПМНЕ додаваат дека доколку СДСМ е убеден дека ќе ја добие поддршката на наредните избори, не е спорно на првата седница по конституирањето на новиот собраниски состав да предложи и изгласа ребаланс на Буџетот.

Поврзани новости