НСДП: Институциите немаат капацитет да се справат со поплавите

by Фокус

Штетите кои ги предизвикаа поплавите, предизвикани од поројните дождови во одделни региони на земјата, покажаа отсуството на институционални капацитети за навремено справување со временски непогоди, реагираат од опозицискиот НСДП.

„Владата во своите буџетски трошење не дава приоритет за настраданите во поплавите, односно човечката несреќа не е доволен повод да се откажат од својот табиет за непродуктивно трошење. Крајно лицемерен и морално неодговорен е повикот на министерот Миле Јанакиевски граѓаните со парични средства да се вклучат во хуманитарна акција за помош на настраданите, во ист момент кога Владата троши за непродуктивни проекти од типот на „Скопје 2014“, како што е градење на споменици, барокни фасади и панорамски тркала. Дрско е Mинистерот кој во својот дом во Прилеп сместил една цела „индустирска зона“ морално да се обидува да се „испере“ во јавноста со емотивни апели во кои бара помош од граѓаните и Црвениот Kрст, притоа изоставајќи ја својата Влада која се научи само да зема, да казнува, а не и да помага кога им е најтешко на своите граѓани“, стои во соопштението на новите социјалдемократи.

Поврзани новости