Заев: Жугиќ е жива комедија!

by Фокус 15:17
15:17

Актерката Јелена Жугиќ, повторно преку својот Фејсбук профил денес се обиде да го сврти вниманието кон себе, истурајќи навреди за Зоран Заев, лидерот на СДСМ. Нарекувајќи го криминалец, таа му порача да го остави Скопје на мир и да си оди на нивата.

„За црпнатиот- Доста го уништуваш Скопје! Доста ги тероризираш граѓаните на главниот град! Доста! Скопјани како и останатите граѓани на Македонија имаат право на мир, на спокој и нормален живот! Не можеш ти еден криминалец (додуше аболициран) со антимакедонска агенда да го држиш главниот град во заложништво. Огромните финансиски штети не се ништо во споредба со спокојот што секојдневно со месеци ни го земаш на нас скопјаните! Остави го Скопје на раат! Оди си и земи си ги со тебе платениците и звиждаљките и звиждајте си на нивата од кај што доаѓаш и за промена фарбај си го Глобал или менувачницата на батето. Скопје бил и ќе остане урбана средина со своја култура и традиција, а ти и твојата банда платеничка марш од Скопје ДОСТА Е!“ – напиша Жугиќ.

lejena zugik

Минатиот месец, таа исто така се најде на мета на критики, кога преку социјалните мрежи порача да се пука со гумени куршуми по активистите на Шарената револуција. Кога ја запрашавме за појаснување на својот став за употреба на сила, посебно земајќи го во предвид тоа што и голем број на нејзини колеги се дел од активистите, таа ни одговори дека комуницира строго преку статуси на Фесбук и таму си кажува се што има. Затоа, овојпат не ја ни запрашавме за коментар и што точно толку многу ја испровоцирало, па наместо да пишува статуси од културата и уметноста, освен што го наредува Заев и активистите на Шарената револуција, општо ги потценува и сите Македонци од провинција, посебно земјоделците кои што работат на нива.

-Од злосторникото здружение од власта таа е поставена да го води Театрот комедија. Фрустрацијата на госпоѓава оди до таму, за да се има соживеано со улогата што ја има добиено од власта да го води театарот комедија, па така со своите блесави коментари е и самата комедија – ни изјави Заев по повод статусот на Јелена.

Актерката, која е една од бившите сопруги на пливачот Александар Маленко со кого што има син, е вработена во Драмски театар од 1997 година.

Вики КЛИНЧАРОВА

Поврзани новости