НСДП: Груевски не може да се спаси преку избори што сам ќе ги организира

by Фокус

Истрошени и депласирани се било какви тези или изјави кои алудираат на граѓаните како извор на легитимитетот на власта од човекот кој успеа за девет години да ги погази сите вредности, принципи и норми што значеа деморкатија, граѓанска и политичка култура или слобода.

Вака денеска реагираат од опозицискиот НСДП, откако премиерот Никола Груевски изјави дека народот е тој што ја составува владата, како одговор на барањата на опозицијата да се формира преодна влада, која ќе ја има поддршката од сите релевантни политички партии.

„Груевски треба да разбере дека повеќе не може да си прави лични и фамилијарни планови за плитички спас преку избори кои би биле организирани од него и неговата политичко-коруптивна клика. Само неговата лична оставка и оствака на целата Влада може да биде системска увертира за спроведување на избори кои отуѓениот суверенитет ќе го вратат во рацете на граѓаните и ќе ги постават деморкатските темели на идната власт. Се друго е само политичка калкулација на очаен политичар кој се обидува да се спаси од бродот што веќе потона“, соопштија новите социјалдемократи предводени од Тито Петковски.

Поврзани новости