679
Премиерот Никола Груевски во вчерашното интервју за МИА, намерно избегна да каже, дали гласот на снимката е негов или не, се вели во денешното соопштение на партијата на Тито Петковски.
„Бидејки Груевски вели дека тој што е сигурен во себе не „џавка“, јавно го прашуваме дали на снимката е неговиот глас или некој друг си „џавка“ за 1,5 милиони евра провизија за продажба на „Македонска Банка“. Сметаме дека Груевски требаше јавно јасно и недвосмислено да каже чив е гласот на снимката, или барем да кажеше дека не е негов“, се вели во соопштенито.