НСДП: Го поздравуваме прогресот во ставот на ВМРО-ДПМНЕ за уставните измени

by fokus

НСДП поддржува ВМРО-ДПМНЕ да влезе во Владата откако ќе се изгласа потребата од измени на Уставот, соопштија денеска од партијата.

-Го поздравуваме прогресот во ставот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за прифаќање на уставните измени, кој процес треба веднаш да се започне во Собранието. НСДП е спремна со своите пратеници да поддржи влез на ВМРО-ДПМНЕ во Владата со цел остварување на највисокиот стратешки државен интерес-членство во Европската Унија, откако во Собранието заеднички ќе изгласаме прифаќање на Иницијативата за уставните измени“, порачаа оттаму.

Според НСДП македонскиот јазик и македонскиот идентитет се загарантирани и заштитени со усвојувањето на преговарачката рамка и нема простор за загриженост, бидејќи се гарантирани од нашите стратешки партнери Европската Унија и САД.

 

Поврзани новости