Антинародна широка коалиција

by Fokus

И Заев во очи минатите парламентарни избори ги сатанизираше ДУИ и ќе ги праќаше во опозиција, па како попче си ги зема за партнер, а времето покажа дека Ахмети него, а не обратно, го испрати во политичка пензија. И самиот Мицковски знае дека не може да ги избегне ДУИ како коалиционен партнер, или ќе ризикува тенко мнозинство. Но, ДУИ  и тука изигра мајсторски- согласни се да не се дел до владата ако таа ги истурка уставните измени.

Пишува: Јанаки МИТРОВСКИ

Пред три месеци, Фокус имаше напис во кој се разгледуваа три опции за разрешување на блокираниот ЕУ пат односно отпорот кон внесување на Бугарите во Уставот на Република Македонија. Една од можните разгледувани варијанти беше и широка коалиција која треба да ги изгласа уставните измени, по што би се одело на брзи предвремени избори.

И види чудо по средбата во Клубот на пратеници помеѓу лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски и СДСМ, Димитар Ковачевски се погласни се шпекулациите дека таа варијанта е и најможна. Претседателот на ДПМНЕ, Мицковски нуди да се формира некаква широка влада меѓу нив и СДСМ која би ги истуркала уставните измени по што веднаш би се одело на, за ДПМНЕ толку посакуваните предвремени парламентарни избори.

Како услов Мицковски бара ДУИ да не биде дел од таа влада. Веќе ми се комични сатанизирањата на партиите од условно речено македонскиот блок на ДУИ, кога и врапчињата знаат дека ДУИ им се најпосакуван партнер, од проста причина што  сите анкети и понатаму покажуваат дека ДУИ ќе направи џандар збира и на наредните избори. Без разлика на анимозитетот кој го имам кон Али Ахмети од 2001ва, неговата политичка прагматичност треба да се изучува на политички студии на сите правни факултети во државата.

Да си дваесет години во континуитет на власт, на чело на ноторно корумпирана партија, и да не можат сите останати партии заедно да ти се доближат е за политичка почит. И во последните две години Ахмети ги истроши Алијанса, Алтернатива и Беса со влези- излези во Влада, додека неговата политичка моќ не се намали ни за промил. Евентуално проблем може да му направат огнените, но во ДУИ на големо се работи на нивно неутрализирање.

ДА СИ 20 ГОДИНИ  КОНТИНУИРАНО НА ВЛАСТ Е ЗА ПОЛИТИЧКА ПОЧИТ

И Заев во очи минатите парламентарни избори ги сатанизираше ДУИ и ќе ги праќаше во опозиција, па како попче си ги зема за партнер, а времето покажа дека Ахмети него, а не обратно, го испрати во политичка пензија. И самиот Мицковски знае дека не може да ги избегне ДУИ како коалиционен партнер, или ќе ризикува тенко мнозинство. Но, ДУИ  и тука изигра мајсторски- согласни се да не се дел до владата ако таа ги истурка уставните измени. Во Мала Речица знаат дека ваквите измени се непопуларни кај гласачите Mакедонци, неминовно ќе им го намалат рејтингот на партнерите ДПМНЕ- СДСМ и со тоа неколкукратно ќе си ја зголемат својата вредност.

СДСМ од друга страна се подготвении самите себеси да се продадат, а не па државата, само да заедно со ДПМНЕ ги истуркаат уставните измени бидејки тоа неминовно ќе ја намали засега огромната поредност на ВМРО. Најголем аир очекувано е да има Левица која тврдо се противи на уставните измени и внесување на Бугарите во Устав. Објективно, бркаат власт и мнозинството народ да сметаше дека треба на глава да се оди, веројатно би го пропагирале и тоа.

Но, добро е да има барем една организирана политичка сила која е против силувањето кое ни се случува пред очи. Сите знаеме дека нема никаква гаранција дека условувањата на Бугарија ќе престанат, напротив познато е дека само ќе се интензивираат. Но затоа на врат ќе ни се закачи или подобро речено официјализира анти народна коалиција ВМРО-СДСМ да се дораспродаде тоа што не го украдоа во минатите речиси три и пол децении!!!!

Поврзани новости