Откако тендерската коалиција повторно се конституира се чудиме зошто воопшто Груевски распишуваше избори, се вели во денешното соопштение на НСПД.
„Најголемиот лажен патриот во државата побара да има 62 пратеника за неговиот коалициско партнер ДУИ да не го уценувал. Но, Груевски сѐ уште не кажал какви тоа уцени добивал од својот партнер Ахмети, колку од нив досега реализирал, а колку допрва има намера да исполни. Ги заборави ДУИ Албанците и албанските интереси, а ВМРО ДПМНЕ веќе не се ни сеќава зошто и од каде им е името на партијата. Ним во овој момент најважен им е личниот паричен интерес. Не им е важно што народот го скараа до степен на поделби по сите основи. Раководени од национализмот ги поттикнуваа своите граѓани на масовни тепачки, на упади во куќите каде живеат и на други форми на насилство што граѓаните ги тера на иселување од своите домови. Полицијата наместо да интервенира и да ги смирува овие инциденти ги нарекува сообраќајни незгоди“, пишува во дописот од партијата на Тито Петковски.
Затоа, велат од НСДП, партите од опозицијата овој пат нема да бидат дел од танцот на Ахмети и Груевски. Нека играат самите и самите нека ги носат последиците од својата игра.