Новоизбраните обвинители потпишаа свечена изјава – ќе продолжеле со добрата работа

by Fokus

Шест од седумте новоизбрани обвинители во Јавното обвинителство, Основното обвинителство за гонење организиран криминал и Вишото јавно обвинителство Скопје денеска потпишаа свечена изјава во Судскиот совет.

Станува збор за обвинителите Наталија Тасевска и Елвин Вели кои беа избрани во ЈОРСМ, Оливера Проеска и Милица Гаврилова од ОЈО ГОКК и Наташа Гоџоска и Артан Ајро од ВЈО Скопје.

Изјавата денеска не беше потпишана единствено од кандидатката Верица Бержетска Крстева од ОЈО ГОКК, која, како што информираа од Советот, била на пат.

Во Советот денеска беа потпишани и изјавите од седдумината новоизбрани јавни обвинители во Основните јавни обвинителства во Скопје, Гостивар и Кавадарци.

-Предизвикот, како и досега, е максимално, професионално и во рамки на закон, бидејќи сите денеска кои што дадовме заклетва сме обвинители кои долги години сме во обвинителството и останува на нас, да продолжиме со добрата работа, изјави јавниот обвинител Елвин Вели, на денешното потпишување на свечените изјави во Советот на јавни обвинители.

Во однос на прашањето за предизвикот во државното обвинителство кога во државата граѓаните на правосудниот систем даваат само еден процент доверба, тој одговори дека во тој дел треба да се поработи.

– Ќе треба да поработиме на тој дел, во делот на довербата и во делот на транспарентноста. Најпрво со соработка поголема со вас медиумите и со поголема отвореност спрема граѓаните, и, нормално, со извршување на работните задачи и обврским рече тој.

Транспарентноста ја издвои како приоритет, како и навременото завршување на работните обврски.

-Сметам дека сите мои колеги кои што денеска дадоа заклетва ќе дадат позитивен придонес кон подобруваење на сѐ што се однесува на работата на Јавното обвинителство, изјави новоизбраниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, Фатмир Муса.

 

Поврзани новости