1K
Откако денеска скопското обвинителство информираше дека отворило предмет по контроверзното интервју на Драган Павловиќ -Латас со јутјуберот Стефан Лазаров, тој се обрати до јавноста.
Лазаров објави видео со извинување до јавноста. Но, сепак повторно обвини дека се работи, коментирајќи дека било жално што работите се ваделе од контекст.
Во неговиот подкаст Латас зборуваше за начинот на кој тој и негови другари на 15 години сексуално злоупотребиле девојка во автомобил, која притоа била и „шамарана“.
-До Основното јавно обвинителство Скопје доставено е известување од Секторот за компјутерски криминал при МВР за настанот. Надлежен јавен обвинител ќе даде насоки за натамошни дејствија и проверки, ни одговорија од Скопското обвинителство.