435
Ново барање за екстрадиција на екс премиерот Никола груевски деновиве ќе испрати Министерството за правда до Будимпешта, но сега како обвинет за крвавиот упад во Собранието.
– Целокупното досие од судот и обвинителството ни стигнаа кон крајот на минатата недела, деновиве тоа ќе биде пратено до Будимпешта – изјави министерката за правда, Рената Дескоска.
Министерството и претходно бараше Груевски да биде испорачан како осудено лице во случајот „Тенк“, но Унгарија одби да го екстрадира Груевски кој доби азил таму.
Против Груевски сега е покренато обвинение во кое се товари за организација на 27 април.