425
Благица Новковска не е веќе директор на Државниот завод за статистика и на нејзина позиција е назначена Лидија Костовска, досегашна директорка на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации.
Новковска е доктор на науки и важи за еден од најдобрите експерти од областа на статистиката во земјава, а неодамна се обиде да спроведе попис кој беше прекинат поради несогласувања меѓу владините коалициски партнери во Владата.
Таа е сопруга на поранешниот министер за образование Ненад Новковски, кој периодов ги критикува реформите во образованието.