Нема промена, Македонија е делумно слободна земја

by Фокус

Со 3.5 поени Македонија оваа година повторно се најде во групата на делумно слободни земји во годишниот извештај на Фридом хаус, објавен денес. Во однос на политичките права, Македонија оваа година има оценка 4, што е  пад од еден поен во однос на лани, кога политичките права биле оцените со 3.

Во однос на граѓанските права, пак, Македонија оваа година доби оценка 3, што е исто како и изминатата.

Освен Македонија, во групата делумно слободни земји меѓу другите се и Босна и Херцеговина, Косово, Украина, Молдавија, додека пак, во групата слободни земји се Србија, Хрватска и Црна Гора.

Инаку, оценките на извештајот се од 1 до 7 поени, притоа еден е за слободна земја, а седум неслободна земја. Заклучок во извештајот  е дека минатата година бил забележан „вознемирувачки“ пад на слободата.

Поврзани новости