Новите пратеници ќе заседаваат од салата со куполите, на последниот кат на Собранието

by fokus

Наместо во салата за пленарни седници, новиот пратенички состав, што ќе биде избран на 15 јули ќе ја одржи конститутивната седница во новата сала. Десеттиот собраниски состав ќе почне да заседава во салата со куполи на последниот кат во собраниската зграда, за да се обезбеди физичка дистанца меѓу присутните, согласно со мерките за заштита од коронавирусот, објави „360 степени“.

Претседателот на парламентот во заминување Талат Џафери, за „360 степени“ потврдува дека собраниските служби веќе го подготвуваат „теренот“ за работа на идниот парламент во услови на епидемија.

„Во салата со куполите има 204 седишта, а може да се додадат и нови столчиња за да се обезбеди поголема дистанца меѓу пратениците. Во прво време, додека трае епидемијата, парламентот би заседавал во оваа сала, со тоа што гласањето би било рачно, затоа што електронскиот систем на гласање е прилагоден за пленарната сала. Рачното гласање ќе одземе време, ама мора да се прилагодиме на моменталната ситуација“, изјавил Џафери.

 

Поврзани новости