Новите пратеници денеска ќе ги добијат уверенијата од ДИК

by fokus

Државната изборна комисија денеска попладне ќе ги врачи уверенијата за новите пратеници избрани на предвремените парламентарни избори 2016.

Откако пратениците ќе ги добијат уверенијата, се очекува Собранието да ја закаже конститутивната седница која треба да се одржи најдоцна до 31 декември, односно сабота.

Според најавите, седницата ќе ја свика Трајко Вељаноски и според измените на Деловникот за работа на Собранието, со неа ќе претседава тој.

Поврзани новости