Новите мутации на Ковид-19 најверојатно се присутни во Албанија

by Fokus

Раководителката на Одделението за инфективни болести на албанскиот Институт за јавно здравје, Силва Бино,која е членка на Комитетот на експерти за справување со пандемјата, изјави дека се сомневаат оти во Албанија циркулира мутација на Ковид-19, што е и причина за растот на новозарзени во земјата.

Според неа, 50 примероци за кои постои сомневање дека се мутации на вирусот се веќе испратени во Велика Британија.

– Имаме испратено 50 примероци во Велика Британија. Тие се наоѓаат во Агенцијата за јавно здравје во Лондон, која е референтна лабораторија. Ова се примероци избрани од реинфекцирани лица, како и од оние за кои заедно со некои приватни лаборатории се сомневавме дека може да има мутација, истакна Бино.

Поврзани новости