Иванов за 27 април: Не знаев дека ќе се влегува во Собранието!

by Fokus

Како тогашен претседател на државата од ниту една служба немаше информација за најава на организиран влез на толпата во Собранието на 27 април 2017 година, изјави поранешниот претседател на државата Ѓорге Иванов сведочејќи на денешното судење за организаторите на настаните во Собранието од 27 април 2017 година.

Прашан дали како поранешен претседател на државата имал информации за оневозможување на мирно примопредавање на власта на 27 април 2017 годинз Иванов, категорично рече дека такви информации немал.

Прашан за изнесените информации за прогласување воена состојба на 27 април 2017 година, Иванов рече дека се што е поврзано со воена состојба произлегло од текст објавен во еден неделник, неколку дена претходно.

– Беа изнесени невистини и шпекулации кои потоа се пренесуваа и коментираа. Целиот текст е небулоза, затоа што Уставот е јасен. Како држава имаме строго дефинирани механизми за спречување злоупотреба на воена состојба. Тоа е школски пример на психолошка војна, за некој да преземе нешто, а вината да падне на претседателот и армијата, рече Иванов.

Прашан како тогашен претседател на државата, каков бил неговиот став за граѓанското движење „За заедничка Македонија”, Иванов рече дека тој јавно неколку пати ги поддржал, преку негови јавни излагања и соопштенија.

– Движењето „За заедничка Македонија” произлезе како одговор на т.н. „Тиранска платформа” и изјавите дека Македонија како држава не треба да постои. Преку стотици иницијативи и барања од граѓани и членови на „За заедничка Македонија” доаѓаа и продолжија да доаѓаат до кабинетот на претседателот, изјави Иванов.

Прашан дали лицето Синиша Алексовски го известувал за своите активности, Иванов рече дека освен што е усно информиран, за се има и пишани белешки.

– Советникот Синиша Алексовски кога се случија настаните на 27 април барав да се врати од службен пат. Кога се врати ми ја покажа фотографијата од Живаљевиќ и неговата комуникација за тоа што бара во Собранието, за што се покажа дека бил на барање на абасадата за да утврди дали имало и српски граѓани при упадот на Собранието, рече Иванов.

Поврзани новости