Новите членови на Антикорупциска дадоа заклетва

by Фокус

Новоизбраните членови на Антикорупциската комисија откако вчера ја добија довербата на пратениците, денеска пред претседателот на Собранието, Трајко Велјановски, дадоа свечена заклетва.

Нови членови на Државната комисија за спречување на корупцијата се: Горан Миленков, адвокат од Скопје, Игор Тантуровски, дипломиран економист и д-р на економски науки од Скопје, Најдо Спасевски, адвокат од Скопје, Сузана Таскова Аџикотарева, дипломиран правник магистер по казнено право од Скопје, Жаклина Данчевска, дипломиран правник, магистер по деловно право од Прилеп.

Новиот состав на Антикорупциската комисија беше изгласан на вчерашната собраниска седница, а во новите редови останаа само двајца членови од стариот состав. Тоа се Сеиди Халили, дипломиран економист од Тетово и Фарије Алиу, дипломиран економист доктор на економски науки од Гостивар.

Членовите на Државната комисија ги именува Собранието на Република Македонија со мандат од четири години со право на уште едно именување.

Новите членови на Комисијата велат дека ќе работат во согласност со Уставот и законите и дека нивната работа ќе биде чесна и транспарентна.

Фотографијата е превземена од сајтот Академик

Поврзани новости