Расте задоволството на центарци од работата на градоначалникот Жерновски

by Фокус

На прашањето „Дали Вашето мислење за градоначалникот на Центар Андреј Жерновски е позитивно или негативно?“, 75,9% одговориле дека е позитивно, 21,3% дека е негативно, а 2,8% биле без одговор. Споредбените податоци со истото истражување направено во септември минатата година укажуваат на тоа дека позитивното мислење за градоначалникот е значително покачено – тогаш позитивно се изјасниле 69%.Anketa centar 1Интересен е фактот дека дури 37%, од оние што се изјасниле дека на последните избори гласале за ВМРО-ДПМНЕ имаат позитивно мислење за градоначалникот Жерновски и покрај континуираните напади на кои тој е изложен од страна на владејачката партија.

На прашањето „Изминаа две години од изборот на Андреј Жерновски за градоначалник на општина Центар. Дали Вие сте задоволни од неговата работа како градоначалник до сега?“, 67,5% од испитаниците одговориле дека се задоволни, 28,6%одговориле дека не се задоволни, додека 3,9% од анкетираните не дале одговор на ова прашање.Anketa centar 2На прашањето „Дали доколку утре се одржат локални избори, градоначалникот Андреј Жерновски заслужува реизбор или не?“, дури 67,3%од граѓаните одговориле дека заслужува реизбор,22,5% дека не заслужува реизбор, додека 10,2% рекле дека се неопределени односно не дале одговор. И на ова прашање, споредбените податоци упатуваат на значително зголемување на поддршката за Жерновски. Имено, во септември минатата година 56% од анкетираните одговориле дека тој заслужува реизбор,што говори за раст од 11,3 процентни поени.Anketa centar 3 Истражувањето за потребите на општина Центар го реализираше агенцијата „Рејтинг“ на репрезентативен примерок од 800 испитаници жители на општината, во периодот од 6-ти до 9-ти април. Податоците се собираа по пат на телефонско интервју,а стандардната статистичка грешка во рамките на општиот примерок изнесува +/- 3,3%.

Поврзани новости