Новиот заменик- претседател на Владата за европски прашања, Арбр Адеми, пред два дена заминал на пат во Холандија со преведувач на англиски јазик. Извори за порталот САКАМДАКАЖАМ.МК откриваат дека новиот вицепремиер немал доволно познавање од англискиот јазик, па морал да ангажира преведувач.
Поради проблеми со англискиот, Адеми имал непријатности и со вработените во Секретаријатот за европски прашања (СЕП).
-Вработените во Секретаријатот му носеле на Адеми документи кои требало да ги прегледа и да ги потпише, но тој не можел убаво да ги разбере бидејќи биле напишани на англиски јазик, па морале да ги преведуваат. Настанало пречка во комуникацијата оти досега сите документи и службена комуникација со Брисел се правеле на англиски јазик, велат извори за САКАМДАКАЖАМ.МК.