Грција со протестна нота до Македонија за мигрантите

by Фокус

Грчкото министерство за надворешни работи соопшти дека шефот на Канцеларијата за врски во Скопје испратил протестна нота до македонските власти во која остро ја осудува интервенцијата со солзавец и гумени куршуми кои македонските власти ги употребија против толпата мигранти кои се обидоа да ја преминат границата.

-Широката употреба на солзавец, димни бомби, па дури и гумени куршуми, без разлика дали се користат за жени и мажи, со часови е ужасна пракса и е неверојатно опасна. Истовремено, ги повикуваме бегалците да не веруваат во лагите и да сфатат дека границите се затворени, изјави и  Јоргос Кирицис, портпарол за емиграција во Владата на Грција.

Поврзани новости