Новиот универзитет ќе почне со работа уште оваа академска година

by Фокус

Некои од смеровите на новиот универзитет „Дамјан Груев” ќе почнат да работат уште за време на оваа академска година. Министерот за одбрана Јолевски како аргументи за формирањето на овој универзитет посочи дека е многу поефикасно кога на едно место се изучува цел корпус науки поврзани со безбедноста. Според министерот, идејата за формирањето на нов универзитет била уште од април, а тоа не било кус период.

За пратеничката на СДСМ, Милева Георгиева, спорно е дуплирањето на  дел од факултетите. Мировни студии има на УКИМ, полициска академија функционира во рамките на Климент Oхридски, а нејасно е, според неа,  и зошто се отвораат медицински и  правен факултет кога тие веќе постојат.

Георгиева праша дали ваквото дуплицирање на факултетите е за ВМРО-ДПМНЕ да си ги вдоми своите партиски професорски кадри.

 

Поврзани новости